Утрово е забележано големо присуство на полицијата низ улиците на Скопје.
Според информациите на Курир се вршат претреси во поголем број на објекти во кои живеат лица поврзани со тешки кривични дела меѓу кои и со убиството на Пластичарска улица со кое во мај 2024 беше убиен Амар Исмани, а две лица беа тешко ранети, како и убиството на Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен на 15 јули 2023 година во луксузна вила во Ханиоти, Халкидики, Грција.
Според тогашните информации, двајца маскирани напаѓачи влегле во апартманот каде што престојувал Бајрами и отвориле оган, при што биле испукани 19 куршуми. Бајрами почина на лице место, додека неговиот пријател беше сериозно повреден, но истиот преживеа.