На 15/16.11.2025 во периодот од 22:00 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Управа за јавни приходи, Трудова инспекција и Државна пазарна инспекција извршија акциска контрола во врска со точење на алкохол на малолетни лица.
Притоа, во угостителски објект на улица „Борис Кидрич” во Тетово биле затекнати 25 малолетни лица над кои било кај кои било извршено алкотестирање со дрегер и констатирано е дека сите 25 малолетници консумирале алкохол.
Малолетниците се предадени на родителите, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави против правното лице и против одговорното лице Н.П.(30) од Тетово.