Полициските патроли од утре ќе бидат блиску до секое училиште, изјави Данило Стевандиќ, државен секретар во МВР во гостувањето на телевизија Пинк.
Како што наведе, полицијата ќе биде засилена на сите јавни места каде што се собира голем број луѓе
Видливото присуство на полицијата ќе биде зголемено на сите јавни места каде што се собира голем број луѓе: во трговски центри, во паркови, на плоштади…“, рече Стевандиќ.
Да потсетиме, српскиот претседател Александар Вучиќ по двете масовни убиства што се случија во Белград и кај Младеновац најави дека во следните шест месеци ќе бидат вработени нови 1.200 полицајци.
Во белградските училишта во четвртокот и петокот немаше многу полицајци.