Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола започна со дистрибуција на 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори што ќе се одржат во недела, на 19 октомври.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека 17 тимови на Комисијата со придружба на МВР го дистрибуираат доверливиот изборен материјал до сите општински изборни комисии во земјава.
Во единствениот избирачки список се запишани 1.832.415 гласачи, а ќе бидат отворени 3.474 избирачки места.
Генералниот директор на печатницата, Вангел Талевски, посочи дека материјалот е изработен навреме и со двојна заштита, додавајќи дека најдолгото гласачко ливче е 500 милиметри, односно половина метар.