Полскиот претставник виси на јажиња за време на настапот на Евровизија

Почна првата полуфинална вечер на Евровизискиот натпревар за песна, кој оваа година се одржува во швајцарскиот град Базел, .

Досега настапија Исланд и Полска. Полската претставничка, Јустина Стечковска, воодушеви со својата огнена кореографија, а во еден момент изведе воздушни „акробатки“ и се закачи на јажиња. Јустина оваа година ја претставува Полска со песната „Гаја“.

За потсетување, во првото полуфинале се натпреваруваат 15 изведувачи, а 10 од нив продолжуваат понатаму. Меѓу натпреварувачите во првото полуфинале е и хрватскиот претставник Марко Бошњак. Гледачите ќе имаат можност да видат и настапи на претставници од Италија, Швајцарија и Шпанија, кои ќе се пласираат директно во големото финале.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното