Свет

Полските земјоделци штрајкуваат со глад поради „зелениот договор“ на ЕУ

Полските земјоделци штрајкуваат со глад поради „зелениот договор“ на ЕУ

Неколку полски фармери стапија во штрајк со глад поради еколошките прописи на Европската унија, кои велат дека ги принудуваат да останат без работа, пренесува Танјуг.

Земјоделците во Полска и другите земји на ЕУ протестираа во последните месеци против увозот на евтина храна од Украина и ограничувањата што им беа наметнати со „Зелениот договор“ на ЕУ за борба против климатските промени.

Група од 14 фармери го окупираа полскиот парламент во четвртокот, а неколку дена подоцна петтемина кои останаа таму објавија дека нема да земаат храна додека не добијат средба со премиерот Доналд Туск.

Недоволни субвенции

„Штрајкуваме пред се против политиката на Европската унија и започнуваме штрајк со глад“, изјави 37-годишниот земјоделски производител Јарослав Зареба, пренесе Ројтерс.

Земјоделците веќе добија отстапки од ЕУ во врска со „Зелениот договор“ и од полската влада, која вети дека ќе плати 2,1 милијарди злоти (околу 490 милиони евра) за да им компензира за ниските цени на житото не е доволно.

Заменик-министерот за земјоделство Михал Колоџијчак рече дека демонстрантите во парламентот не го претставуваат мнозинството земјоделци, кои, како што рече, престанале да протестираат поради спроведените мерки за да им се помогне.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни