Грчкиот премиер Алексис Ципрас доби зелено светло при гласањето доверба во грчкиот парламент. По ова гласање, во парламентот ќе започне расправа по Преспанскиот договор за која не се открива колку ќе трае. Спикерот во понеделник треба да излезе со информација за тоа низ кои комисии и седници ќе треба да помине овој договор.
Претходно Вуцис најави дека догворот кој ке се гласа на почетокот на наредната недела, треба да има поддршка од 151 пратеник за да има мок и сила внатре во земејата, но и на мегунарден план. Ефемерида пренесува дека Ципрас досега обезбедил 152 односно 153 гласа, со помош на дел од пратенците на Потами и Движењето за промени.
Ципрас побара и тв дуел со лидерот на опозицијата за македонското прашање, но Мицотакис ја одби неговата понуда. Нова демократија посочува дека со Договор се признава македонскиот јазик и идентитет, отстапки со кои се погазува грчкиот нациоаналем интерес.