Помина летото – совети за кожата и мозолчињата

Летото си замина, а настапува есента која е одлична сезона за нега на кожата.

Во напорите во текот на летниот период да добиеме „чоколаден тен“, но честопати тука целосно забораваме на здравјето и состојбата на кожата.

Но, доколку во огледало гледате мали црвени или бели „спомени“ од летото, како и траги од сонце, топлина, маски, пот и сите други работи кои одат во корист на мозолчиеата, нема простор за паника.

Решението започнува со правилно чистење на кожата, а вториот чекор е лосионот, но важно е тој да е во согласност со кожата, особено ако таа е мрсна и проблематична.

Во тој случај, се препорачуваат лосиони со алкохол, алфа-хидрокси и бета-хидрокси и провитамин Б-17. Тие, исто така, се погодни и за лицето, но и вратот, деколтето и грбот.

Добро е да се нанесува еднаш до двапати на ден и резултатот ќе биде за кратко време видлив, но не се препорачува изложување на сончева енергија веднаш по употребата на кремата.