Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено како помошник директор во Царинската управа кое е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра.
– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК. Во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено како помошник директор во Царинската управа. Лицето е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра – се наведува во информацијата од МВР.
По целосно документирање на случајот до ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.