Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека САД никогаш нема да го признаат руското анектирање на Крим. Тој истакнал дека ќе продолжи да инсистира на тоа да се поврати територијалниот интегритет на Украина.
Помпео порачал дека САД ќе останат верни на долгогодишниот принцип на одбивање на тврдењата на Кремељ за суверенитет над територија која е преземена на сила, во спротивно на меѓународното право. Помпео ја повика Русија да стави крај на својата окупација на Крим.
Трамп претходно најави дека САД би можеле да го разгледаат својот став за руското анектирање на Крим.