Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и услови за изолирано невреме со засилен ветер и појава на град

ИЗМЕРЕНА ТЕМПЕРАТУРА во 14 часот (во 0 С) 18 Попова Шапка, 24 Лазарополе, 25 Крушево, Маврови Анови, 28 Крива Паланка, Охрид, Претор, Прилеп, Берово, 30 Битола, 31 Тетово, 32 Виница, 33 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 34 Демир Капија, Струмица, Велес, 35 Скопје-Петровец, 36 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб ветер претежно од северен и северозападен правец.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и услови за изолирано невреме со засилен ветер и појава на град.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на
нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.