Поплави низ државата: ЦУК и општините во постојана координација

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, со оглед на актуелната ситуација, ја следи состојбата од Дежурниот оперативен центар на ЦУК и е во постојана координација со градоначалниците на засегнатите општини.

Поради обилните врнежи во повеќе региони низ државата се зголемени водостоите на реките, а има и поплавени терени, подруми и земјоделски површини. На терен се ангажирани екипи на јавните претпријатија, механизација и приватни компании за испумпување вода, расчистување и интервенции.

Состојбата се следи во сите засегнати региони: Ресен, Битола, Демир Хисар, Охрид, Крива Паланка и околината. Дежурни екипи остануваат на терен и во текот на ноќта, а Центарот за управување со кризи будно ја следи состојбата и за понатамошни интервенции.