Поплавите во коишто загинаа единаесет лица а три се водат за исчезнати во францускиот департман Од, на југоистокот од земјата, погодја повеќе од 70 села и гратчиња, изјави префектот на департманот Ален Тирион.
„Во моментов составуваме прецизен список применувајќи ја постапката за природни катастрофи. Во сегашниот стадиум, повеќе од 70 места се погодени. Но, кога билансот ќе биде готов, ќе надмине 100 односно 120 места со различни степени на нанесени штети“, додаде Тирион.
Според него, 1.500 домаќинства сé уште се без електрична енергија во вторникот претпалдне, наспроти 7.000 во понеделникот утрото, а 10.000 жители се без вода за пиење. „Поделивме илјадници шишња со вода на населението“, истакна Тирион.
Годинава 2018-та инаку е најжешката во историјата на мерењата на температурата од 1900 година.