ПОПОСКИ: Внимавајте доколку се движете по регионот – има големо невреме

Попладнево како и до крајот на денов во делови од Албанија, Србија, Цргна, Гора, Косово и Босна и Херцеговина има голема нестабилност која е проследена со пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и локална појава на град.

Слична ситуација ќе продолжи и во текот на утрешниот ден во овие делови од Балканот и тоа претежно во попладневните часови па затоа доколку Македонските граѓани планираат да одат некаде во овие држави да бидат внимателни и во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Автомобилите во случај на силен ветер во никој случај да не ги ставцаат во близина на дрвја.

Кај нас во Македонија како што и претходно кажавме нестабилност ќе има на планинските места но и во оние населени места кој се во близина на планините.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното