НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 8 часот (во l/m 2 )
27 Попова Шапка, 26 Крушево, Пожаране, 22 Маврови Анови, 20 Тетово, 18 Скопје-
Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Пожар-Радовиш, 13 Лазарополе, Претор, Гевгелија, 12
Берово, Велес, Куманово, 11 Крива Паланка, Прилеп, 10 Битола, Виница, Струмица,
9 Охрид, Штип, 7 Кавадарци, 6 Демир Капија.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни
и до крајот на денот ќе наврне над 30 l/m 2 . Кон крајот на денот на повисоките
планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен
слаб снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на
ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над
60 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени.
Во Скопје, oблачно и свежо со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб
до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен
правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.