Поповиќ: Северина ми кажа дека не е моја дадилка да го чува детето додека сум на пат

Бизнисменот Милан Поповиќ во интервју разговараше за својата поранешна сопруга Северина Којиќ и борбата за нивниот син Александар.

Тој обелодени шокантни тврдења, односно дека Северина не го гледа и не е заинтересирана за синот.

„Секако, на Северина и беше дозволено да го види детето, инаку одамна ќе прочитавте во медиумите дека е спречена да го види Александар. Она што е интересно е дека во последните 20 месеци,  грижливата мајка воопшто не користела повеќе од половина од термините за да биде со детето. Со детето во тие периоди повторно биле некои трети лица и служби за доставување на храна. Неодамна, кога и понудив детето да биде со неа, таа ми одговори дека не е моја дадилка да го чува моето дете додека сум на пат. Па, за што зборуваме ние? За уште еден медиумски циркус кој има за цел од мајката да направи жртва“, порача тој.