Популацијата на Турција се зголеми за 1,15 милиони во 2019 година во споредба со една година порано и достигна 83 милиони државјани, пренесува агенцијата Анадолија.
Се вчитува...
Според турскиот институт за статистика (ТуркСтат), населението на Турција достигна 83.154.997 на крајот од минатата година.
Сепак, годишната стапка на раст на населението се намали од 14,7 промили на 13,9.
Населението на Турција во 2018 година изнесуваше 82.003.882.
