Владата во Париз се уште нема донесено уредба за доделување на овие субвенции, но градоначалниците на некои француски градови одлучија сами да воведат бонови за храна, без да чекаат официјална владина одлука.
Неколку француски градови почнаа да делат ваучери за храна како компензација на жителите за зголемените цени на храната.
Според известувањето на ТВ каналот Франс 2, на граѓаните им се даваат ваучери во вредност од пет, 20 и 30 евра. Градските администрации досега потрошиле околу 37 милиони евра за издавање купони и сертификати, како и за други мерки за поддршка на населението, јавува Раша тудеј.