Поради масакрот во Цетиње откажани концертите на Александра Пријовиќ, Марија Шерифовиќ, Дино Мерлин…

Концертите закажани за 1 јануари годинава на главните градски плоштади, во Подгорица и другите црногорски општини се откажани поради страшното убиство што се случи денеска во Цетиње.

По грозоморното убиство што се случи денеска, 1 јануари во попладневните часови во Цетиње, Владата на Црна Гора донесе одлука да ги откаже сите прослави и јавни собири закажани низ целата земја.

-Поради трагичните настани во Цетиње, со одлука на градоначалникот, се откажува новогодишната програма закажана за вечерва на Плоштадот на независноста, се вели во соопштението.

Во Црна Гора, за потсетување, вечерва беа закажани настапите на Марија Шерифовиќ, Александра Пријовиќ, „Црвене Јабуке“, Јелена Розга, Бресквица и Дино Мерлин.

За потсетување, Ацо Мартиновиќ е осомничен дека денеска во Цетиње убил неколку лица, меѓу кои и деца.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното