Балкан

ПОРАДИ РАСИЗАМ: Грчки коментатор доби отказ!

Спортски коментатор на грчка државна телевизија вчера доби отказ откако за време на директниот пренос од олимпискиот турнир во пинг-понг на Игрите во Токио со расистички коментари го проследи настапот на јужнокорејскиот репрезентативец.

Се работи за новинар на грчката државна телевизија ЕРТ, Димостенис Кармирис.

Имено, за време на дуелот меѓу јужнокорејскиот пингпонгар Јеоунг Јанг-сик и грчкиот репрезентативец Панајотис Гионис тој кажа дека „не разбира како Кореецот го гледа топчето, бидејќи очите му се ситни“.

Со коментар веднаш се јавија и од грчкиот јавен радиодифузен сервис.

„На јавниот сервис нема место за расистички коментари“ велат од таму и додаваат дека соработката меѓу ЕРТ и Димостенис Кармирис е прекината вчера, веднаш по утринскиот пренос.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни