Во 08.20ч. сообраќајот Велес-Градско е нормализиран.
Поради сообраќајка случена утрово, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско, соопштија од АМСМ.
„Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за с. Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин поради вршење увид“, соопштија од АМСМ.
Повеќе детали околу сообраќајката се очекуваат во текот на денот.