4NEWS.mk

Поради загадување на воздухот – во Косово забранети се петарди за новогодишните празници

Министерството за заштита на животната средина во Косово побарало од општинските власти да забранат употреба на петарди и пиротехнички средства за време на новогодишните празници, јави РТК.

Министерството нагласува дека причина за тоа барање е „заштита од загадување на воздухот и последиците од користењето пиротехнички средства за здравјето на луѓето и животната средина”.

Институцијата испратила писма до градоначалниците на сите општини во кое бара забрана за петарди и пиротехнички средства на јавни места за време на новогодишните празници.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни