Пораки и свирежи до Владата, a потоа 16-минутен молк за жртвите од Кочани!

Учесниците на протестот за настраданите во пожарот во Кочани вечерва ги упатија следниве пораки: „Правда“, „Убијци“, „Не се плашиме“, „Уа профитери“, „Одговорност“, „Нема правда, нема мир“, „Ние сме системот“, „Цела Влада оставка“!

Имаше и 16-минутно молчење со кое им се оддаваше почит на жртвите по што се најавени и говори на дел од учесниците.

Протестот го организира граѓанското движење „Кој е следен?“, а почна од плоштадот „Македонија“. Учесниците потоа се упатија кон Собранието, од каде стигнаа пред Владата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното