Еден од најпознатите текстописци од неговата генерација, американскиот музичар Дон Меклин (75), оваа недела ја доби својата ѕвезда на Холивудската патека на славните.
На церемонијата присуствуваше и неговата 48-годишна девојка, 27-годишната манекенка Парис Дилан, која не ја криеше среќата и гордоста за своето момче, па се гушкаа и позираа пред камерите.
Дон и Парис се во врска скоро пет години, а се забавуваа откако се разведе од Патриша Шниер. Неговата поранешна сопруга го пријавила во полиција во 2016 година за семејно насилство, поради што тој завршил кратко време зад решетки, а таа тоа го навела како една од причините за нивниот развод во службените весници, покрај изневерувањето и непомирливи разлики.
Музичарот најпознат по својот безвременски хит „Американска пита“ за магазинот „Пипл“ претходно оваа година рече дека младата Парис е најубавата личност што некогаш ја сретнал.
Двојката, исто така, ја потврди својата врска на Инстаграм во 2016 година, и оттогаш споделуваат заеднички фотографии.
Дилан, исто така, привлече големо медиумско внимание кога во 2017 година, во епизода од шоуто „Catfish“, се дозна дека во 2011 година се допишувала и испраќала свои голи фотографии до тогашниот 33-годишен кошаркар Крис „Птичјак“ Андерсен. На крајот, се покажа дека не е таа, туку Канаѓанката Шели Шартиер која се обидуваше да измами кошаркари за пари.
Меклин беше во брак со неговата поранешна сопруга од 1987 до 2016 година и заедно имаат две деца.
