Почина Милош Попивода, поранешен голман и син на фудбалската легенда Данило Попивода.
Милош остави свој белег во словенечкиот фудбал, каде играше за Олимпија Љубљана од 2001 до 2005 година.
Олимпија се прости од Попивода:
„Бевме шокирани од тажната вест дека на 45-годишна возраст почина Милош Попивода, поранешен голман на Змајчек (2001-2005) и син на легендарниот Данило Попивода.
Милош, почивај во мир“.
Таткото на Милош Попивода, Данило, остави длабока трага во југословенскиот фудбал, постигнувајќи пет гола за националниот тим.