Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), проследени со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен југоисточен ветер. T=15°C. P=978hPa. U=95%. V=5m/s.
До вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво.