Во подножјето на ридот со манастирскиот комплекс, под археолошкиот локалитет Говрлево, во близина на Долно Солње, се наоѓа црквичката „Светите Кузман и Дамјан“, која е позната меѓу верниците по лековитата вода што извира во нејзиниот олтарен дел.
Изградена во поново време, 1936 година, на место на кое извирала вода, оваа црква е дел од пресното сеќавање на жителите на околните села.
На само неколку метри од нетипичниот храм со лековита вода во олтарот, се наоѓа уште една чешма, според многумина, со чудотворна моќ. Се верува дека водата за подмладување, како што ја нарекуваат, благотворно помага при ослабен имунитет и дека сите што пиеле од неа починале од старост, а не од болест.
Исто така лековитата вода од скопско Катланово развесели многу семејства
На само 20 километри од центарот на Скопје се наоѓа селото Катланово каде што се допираат медитеранската клима од југ и умерената континентална клима од север.
Многу од луѓето веруваат дека водите кои течат од чешмите во Катланово имаат различна исцелителна моќ, наводно помагале за лечење на бубрезите, очите, но и за брачните двојки кои немаат деца…Со полни шишиња и надеж дека оваа вода ќе им помогне се враќаат во своите домови.
Бидејќи Катланово изобилува со лековити извори ќе зборуваме за оној извор за кој се верува дека е лек за очите. Секојдневно оние кои имаат проблеми велат дека доаѓаат тука да се помолат на Господ да им помогне и да наполнат од водата. Оваа вода е малку поразлична од другите бидејќи премногу пече велат оние кои го “вкусиле” нејзиното исцелувачко дејство.
Недалеку од Катлановската бања во срцето на високи карпи има уште еден извор за кој луѓето веруваат дека има лековита и исцелувачка моќ, а меѓу народот е познат како Савината чешма изградена во 1997 година од рацете на една религиозна бабичка по име Елизабета.
Се верува дека токму водата од овој извор лекува главоболки, болки во очите, брадавици, помага на душевно болните и на брачните двојки кои немаат деца. Чудно е колку едно мало село лоцирано во близина на главниот град носи разни вистинити приказни, многу извори кои се верува дека излечиле , и природни богатства кои се вистински рај и мелем за очите и душата.