Цената на горивата од вечерва на полноќ се зголемуваат.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 1,5 денари, и ќе изнесува 82,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 поскапува за 2 денари и ќе се продава по цена од 85 денари по литар.
ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 2,5 денари по литар, и ќе се продава по цена од 76,5 денари.
Се зголемува и цената на екстралесното масло за 2 денари и ќе изнесува 75 денари. Цената на мазутот од утре ќе биде 46,7 денари по килограм.