Македонија

После 18-годишниот маратон за почеток на преговори со ЕУ, нашата земја има историска можност, вели Маричиќ

После 18-годишниот маратон за почеток на преговори со ЕУ, нашата земја има историска можност, вели Маричиќ

„Добродојдовте во Европската Унија“, беше поздравот на нашите пријатели од Ирска и Финска.  Ми претставува особена чест и задоволство што денеска во посета на нашата земја се моите колеги од Ирска и Финска, министрите за европски прашања Бирн и Тупураинен“, напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата во Скопје со неговите колеги од Финска и Ирска, Тити Тупураинен и Томас Бирн.

Тој вели дека на денешната средба имале можност да разговараат на теми поврзани со новата геополитичка ситуација и влијанието на истите врз државите, како и за нашата заедничка евро-атлантска перспектива.

„Од исклучително значење е вашата посета во време кога сме пред државничка одлука за иднината на земјата, на регионот и на Европа, и ја сметам како потврда на вашата поддршка за нашата европска перспектива и воопшто за интеграција на Западниот Балкан во Унијата. После 18-годишниот маратон за почеток на преговори со Европската Унија, сега нашата земја има историска можност за отпочнување на преговорите, без дополнителни одлагања, со заштитен македонски јазик и македонскиот идентитет. Гостите ја потврдија важноста од членството во Унијата и упатија уверување дека тоа само ќе го зајакни нашиот идентитет“, порача Маричиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни