Северина Којиќ вчера повторно се најде во центарот на вниманието откако во јавноста испливаа нејзини фотографии на кои позира целосно гола. И додека цел регион плакне очи и ужива во бујното тело на пејачката, таа седи затворена дома и спрема тужби. Дека ситуацијата е сериозна и не се чувствува добро потврда е и откажаниот вчерашен настап во Германија.
Настапот во Германија е откажан, им благодарам на организаторите на разбирањето, наскоро ќе го објавам новиот термин, стои во постот на Северина на Фејсбук.
Инаку, ова не е прв пат пејачката да се соочи со ваков скандал,пред еден месец на истиот сајт беа обајвени фотографии со слична содржина, а пред 14 години во јавноста се провлече и нејзиното домашно видео снимено на јахта.
Менаџерот на Северина вчера го обвини Милан Поповиќ за провлекувањето на фотките и рече дека ова го прави само за да и се одмазди.
Инаку, таа пред неколку дена беше во Македонија и прво објави дека во Штип добила големо изненадување во хотелот во кој престојува, рози со чоколади и вино, а потоа објавија фотографија со познатиот шминкер Дадар поради која многу од нејзините фанови се загрижија.
Она што се забележува е дека таа е драстично ослабена, погледнете.