Постапка во врска со нападот во Стразбург, се вклучи Федералното обвинителство на Германија

Федералното обвинителство на Германија се вклучи во истражните дејства во врска со нападот во францускиот град Стразбур, информира весникот „Тагесшпигел“. Според весникот, поднесена е пријава за сомневање за убиство, обид за убиство и нанесување тешки телесни повреди.

Една од причините за започнување истрага од страна на обвинителството е што шест германски државјани добиле психолошка траума, иако не биле повредени во нападот. Обвинителството нагласи дека главната истрага ја спроведуваат француските власти. Во вторникот вечерта 29-годишниотт Шериф Шекат отвори оган на божиќен пазар во Стразбур, при што уби три лица, а 13 беа повредени. Потрагата по напаѓачот сè уште траe.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното