Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски може да трае неколку месеци

Министерството за правда информира дека постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, може да трае неколку месеци.

Оттаму појаснуваат дека постапката за барање на екстрадиција од наша страна е иста за сите земји, Министерството за правда постапува по добиено известување од СМПС-Интерпол, дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава.

„Од дента кога се апсеше бевме во координација со СМПС-Интерпол, како и со ОЈО Скопје. Во 9:20 го добивме официјалното известување од МВР и отворивме предмет. Барањето за екстрадиција беше спремно, министерот го потпиша и истиот ден беше преведено. Пред тоа да го направиме побаравме веднаш да биде задржан во притвор за екстрадиција“, велат во брифинг за новинарите од Секторот за меѓународна правна помош.

Појаснуваат дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното