Португалскиот оператор за дистрибуција на електрична енергија E-Redes објави дека до полноќ 6,2 милиони потрошувачи во таа земја имале струја.
Како што се наведува во соопштението, до полноќ биле делумно приклучени 424 трафостаници, со што електрична енергија добиле 6,2 од околу 6,5 милиони потрошувачи, но не се знае кога мрежата би можела целосно да се обнови, пренесува порталот „Јутарње вести“ (Кореио да Манха).
Премиерот на Португалија Луиш Монтенегро рече дека е обезбедено снабдување со енергија за околу 80 отсто од населението и апелираше до оние кои се уште немаат струја да останат смирени бидејќи ситуацијата брзо ќе се нормализира.
Истовремено шпанскиот оператор Ред Електрика информираше дека до 5 часот по локално време повеќе од 92 отсто од потрошувачите биле снабдени со струја, а сите трафостаници биле под напон.
Како што се наведува, целосно нормализирање на снабдувањето со електрична енергија се очекува во наредните часови, пренесува Паис.
Големи делови од Шпанија и Португалија останаа без струја синоќа наутро, а во Шпанија најголеми проблеми имаше во железничкиот сообраќај, бидејќи стотици луѓе ја поминаа ноќта на станиците.