Министерката за транспорт и инфраструктура на Србија Зорана Михајловиќ и турскиот министер за транспорт Мехмет Турхан, денеска потпишаа договор за изградба на првата делница на автопатот Белград – Сараево кој ќе поминува низ Србија.
Договорот е вреден 250 милиони евра и тоа е почетокот на проектот на поврзување на Србија со БиХ кој ќе треба да донесе развој во регионот, нагласи министерката Михајловиќ.
Почетокот на работите ќе биде во 2020 година.