Потпишан договор за воспоставување систем за инстант плаќање во Западен Балкан

Церемонијата на потпишување на Писмото за намери за започнување на проектот за воспоставување систем за инстант плаќање во Западен Балкан се одржа во Палацо Кох во Рим. На него присуствуваа гувернерот и заменик-гувернерот на Банката на Италија, заедно со гувернерите и замениците гувернери на централните банки на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Црна Гора, соопшти Централната банка на Босна и Херцеговина.

Договорот за соработка предвидува Банката на Италија да испорача систем за инстант плаќање, базиран на реплика на услугата TIPS, која е европска платформа за порамнување плаќања во реално време, дизајнирана, креирана и управувана од Банката на Италија во име на Евросистем.

Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора се приклучија на иницијативата, која беше одобрена од Управниот совет на Европската централна банка (Северна Македонија го задржува правото да се приклучи подоцна).

Новата платформа, која ќе профункционира во рок од 18 месеци од нејзиното формирање, што се очекува да биде во следните неколку недели, ќе овозможи плаќање во сите валути на земјите учеснички. Дополнителни функционалности ќе бидат развиени по почетната фаза на имплементација.

Исто така, користејќи технолошки напредно и евтино решение, ќе воспостави билатерална врска за порамнување плаќања помеѓу областа опслужувана од TIPS и регионот на Западен Балкан.

Потпишувањето на Писмото за намери е важен чекор на патот кон интеграција на земјите од Западен Балкан во финансискиот систем на Европската унија, соопшти ЦББХ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното