Потпишан мировен договор за Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за да го одбележи потпишувањето на договорот.

Доналд Трамп беше меѓу првите што го потпишаа мировниот договор во Шарм ел Шеик за Газа, по него следеа египетскиот лидер Абдел Фатах ал-Сиси и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Ова трае веќе 3.000 години, можете ли да верувате? Ова е неверојатен ден за светот“, рече Трамп. Тој додаде дека договорот е толку голем што ќе спречи Трета светска војна – за која рече дека можела да се случи на Блискиот Исток, објави Скај њуз.

Доналд Трамп, според Скај њуз, им се обрати на лидерите поединечно за да ги пофали за нивната улога во поддршката на мировниот договор во Газа. „Тој беше мој пријател и секој пат кога ми требаше, тој беше тука за мене“, му рече тој на турскиот претседател Таип Ердоган. Му рече на италијанската премиерка Џорџија Мелони: „Ја имаме Италија. Таа е многу силен владетел. Таа одлично ја врши работата“.