Потпретседателот на Европската централна банка предупредува на побавен пад на инфлацијата во 2024 година.

Инфлацијата во еврозоната оваа година веројатно ќе падне со побавно темпо отколку во 2023 година, изјави денеска потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Луис де Гуиндос на Денот на шпанските инвеститори во Мадрид.

Тој, исто така, предупреди на геополитичките тензии и притисоци врз растот на платите што може дополнително да го загрозат намалувањето на инфлацијата во еврозоната, се наведува на веб-страницата на Европската централна банка.

Луис де Гуиндос изјави дека според сегашните податоци, економијата на еврозоната била во пад во декември, што укажува на можност за техничка рецесија во втората половина на 2023 година.