Балкан Македонија

Потрагата продолжува и денес: Мартин се бара со дронови и куче

Потрагата продолжува и денес: Мартин се бара со дронови и куче

Иако заврши законскиот рок од 72 час, по апелот на семјеството и братот на Мартин потрагата по момчето на Халкидики ќе продолжи и денес.

Според информациите на Voria.gr, два воздушни дрона на OFKATH и куче спасител со дресер Марија Арманиду денеска влегуваат во битка за лоцирање на Мартин кој дошол во Грција на одмор. Во исто време ќе продолжат да дејствуваат и пешачките единици на спасувачите.

Инаку, според грчките закони по изминувањето на редовниот рок од 4 дена, потрагата завршува. Но, потрагата по Мартин продолжува и денеска, откако по апелите на семејството на момчето македонското МНР побара од грчките колеги да не се прекинува операцијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни