Повеќе нема да се фрлаат парички во познатата фонтана во Рим?! Градот е во голема неволја, а еве зошто!

Обичајот да се фрлаат монети во римските фонтани се проширил толку многу што почнал да го загрозува нивното одржување и зачувување низ римската престолнина.

Туристите, кои во огромен број го посетуваат Рим, се почесто фрлаат монети во фонтаните, од кои најпозната е фонтаната Ди Треви.

Монети се фрлаат и во фонтаните на плоштадите Пјача Навона, Пантеон и Пјаца Пиа. Ова станува проблем за градските власти кои не знаат како да ги зачуваат некои од најпознатите споменици на „вечниот град“ кои неодамна се реновирани.

Симболичниот гест на фрлање паричка, кој датира од античко време и се припишува на верувањето дека божествените суштества живеат во вода, ги загрозува не само фонтаните туку и остатоците од римските споменици како Колосеумот.

Монетите фрлени на дното на фонтаната оксидираат и оставаат кафеави кружни траги, што особено важи за оние од еден, два или пет евроценти.

Покрај проблемот со одржувањето на фонтаните, се појави уште еден, а тоа е дека некои луѓе влегуваат во фонтаните и ги земаат фрлените монети, пренесува ЕФЕ.

Последиците од овој обичај ја загрозуваат конзервацијата на спомениците и градските власти можеби ќе треба да ја преиспитаат оваа традиција за да избегнат оштетување на културното наследство.

Градската администрација сега работи на постигнување договор според кој Ватикан ќе ги донира монетите собрани во фонтаните на Пјаца Пиа во добротворни цели.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното