Во Бугарија утре Ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Утре во Бугарија ќе биде Ден на жалост како израз на солидарност со Македонија.

Бугарскиот премиер Росен Жељазков истакна дека тука нема политика, само сочувство и емпатија.

„Владата ќе одлучи утре да биде ден на жалост како израз на солидарност со нашиот наблизок сосед на Балканот. Тука нема политика, само сочувство и емпатија“, рече Жељазков.

Изрази сочувство до семејствата на жртвите.