Грчката полиција уапси најмалку 133 лица поради немирите кои се случија синоќа на протестот во Атина против Договорот од Преспа, пренесоа грчките медиуми.
Весникот „Нафтемпорики“ пишува дека поголемиот дел од овие лица се уапсени во близината на плоштадот „Синтагма“.
Полицијата мораше да употребува и солзавец за да ја растера толпата, а дел од демонстрантите го запалија и македонското знаме.
За денеска најавени нови протести. Организаторите им порачале на демонстрантите денеска во 11 часот повторно да се соберат на плоштадот „Синтагма“.