Повеќе од 100 луѓе починале од труење со илегален алкохол во Турција

Повеќе од 100 луѓе починаа од труење со илегален алкохол во Анкара и Истанбул, објави во петокот НТВ, откако властите предупредија на пораст на продажбата на лажен алкохол што се продава под познати брендови.

Според НТВ, од 14 јануари досега во Истанбул починале 70 лица, додека од почетокот на годината во Анкара животот го загубиле уште 33 лица, што го потврди и гувернерот на Анкара Васип Сахин. Канцеларијата на гувернерот на Истанбул не ги коментираше овие наводи веднаш.

Покрај починатите, поради труење се хоспитализирани уште 230 лица во два града, а од тој број 40 пациенти се во критична состојба, јавува НТВ.

Цените на алкохолот драстично пораснаа во последните години поради високите даноци што ги наметна владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Производителите на алкохолни пијалоци се соочени со се поголем фискален товар и други ограничувања, што доведе до зголемување на потрошувачката на нелегален и домашно произведен алкохол, а со тоа и до поголем број случаи на труење во последните години.

На 3 јануари Владата повторно ги зголеми даноците за алкохол и тутунски производи за 2025 година.

Минатиот месец Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека презела мерки за сузбивање на нелегалната продажба и дистрибуција на алкохол, вклучително и задолжително поставување безбедносни камери во продавниците кои продаваат алкохол, суспензија или одземање на дозволите за продажба и редовни инспекции.

Властите уапсија 13 лица во Анкара и уште 11 во Истанбул, објави НТВ, цитирајќи ги локалните гувернери. Во Анкара запленети се 102 тони метанол и етанол, додека во Истанбул се запленети над 86.000 литри нелегален или шверцуван алкохол, пренесува Ројтерс.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното