ВИДЕО Избувна пожар во пристаниште во Сплит, два брода изгореа

Во сплитското пристаниште Спинут попладнево избувна пожар во кој изгореа два брода.

Итната помош веднаш излегла на терен, а четири противпожарни возила го изгаснале пожарот во пристаништето.

На терен пристигна и сообраќајната полиција, пишува Далмација Данас.

Според првичните информации нема повредени лица, а се уште не се знае како настанал пожарот.