За овогодинешната Нобелова награда за мир се поднесени 338 номинации, соопшти норвешкиот Нобеловиот институт, без да ги открие имињата.
Номинирани се 244 поединци и 94 организации, што е голем пораст во однос на минатогодишните 286 номинации, но сепак помалку од рекордните 376 пријавени во 2016 година.
Во согласност со Нобеловиот статут, идентитетот на кандидатот останува тајна 50 години.
Сепак, илјадници спонзори, вклучувајќи пратеници и министри, поранешни победници, универзитетски професори, можат да го откријат идентитетот на нивниот кандидат.