Поврзи се

Македонија

Повеќе од еден час зад затворени врати Заев и Мицкоски се договараат за законот за ЈО

И по повеќе од еден час нема епилог од лидерската средба која се одвива зад затворени врати помеѓу власта и опозицијата околу предлог законот за Јавно Обвинителство.

Голем број на новинарски екипи се наоѓаат во прес центарот на Собранието, каде треба да бидат соопштени одлуките по вечерашната лидерска средба на која при влезот во Собранието, политичарите рекоа дека има надеж за постигнување на договор.

Доколку вечерва биде постигнат договор, претседателот на Собранието, Талат Џафери уште во текот на утрешниот ден на дневен ред ќе ја стави точката за разрешување на Катица Јанева, а ќе биде закажано и продолжението на комисијата која го разгледуваше законот за ЈО.

Инаку денеска во попладневните часови, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески го испрати писмото до СЈО со кое ќе бара да ги преземе сите истраги, предмети и предистраги откако претходно Катица Јанева преку писмо испратено од притвор му даде полномошно за тоа.

Власта и опозицијата вечерва се очекува најмногу да дискутираат околу употребата на бомбите во натамошните истраги, префрлањето на обвинителите во јавното обвинителство, како и судбината на дел од предметите кои се отворени по рокот за отворање на истраги.

Најнови информации во живо донесуваме во вестите во 23.00 на албански јазик и 23.15 на македонски јазик.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com