Повкусни од полнети: Редени пиперки во тава за 20 минути

Направете деликатес со мелено месо и пиперки, не како вообичаените полнети.

СОСТОЈКИ:
250 гр. мелено месо


1 кромид
1 морков
1 тегла печени црвени пиперки


1 шолја ориз
3 шолји вода
2-3 домати
сол, бибер, црвен пипер и вегета


ПОДГОТОВКА:
Се сече ситно кромидот и се пржи на масло, заедно со меленото месо и потоа се додава ориз, како и 2-3 сечени домати и излупени.
Се меша и се ставаат зачини и се крчка смесата додека не се спржи месото, па се става вода, на една шолја ориз одат три вода.Се крчка убаво.
Се зема пчех и на дното се редат печени црвени пиперки, се става смеса, па пак пиперки.
Се пече на 200 степени 20 минути.


Добар апетит!