Повредени 20 лица, 31 сообраќајка изминатиот викенд во Скопје

Двајца возачи и сопатник се тешко повредени, а со телесни повреди се здобиле 17 лица, во 17 од вкупно 31 сообраќајка што се регистрирани изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.

Се вчитува...

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 16 лица под дејство на алкохол и шест пред да се стекнат со право на управување моторни возила. Исклучени се и шест нерегистрирани возила.

Казнети се и девет пешаци за поминување коловоз надвор од пешачки премин и еден за поминување на црвено светло.

Поради непрописно паркирање „пајакот“ кренал 103 возила. 

Извор: Сител телевизија