Македонија

Повредени две малолетнички – изгубиле контрола на моторцклот и паднале

На 21.07.2022 во 18.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Ѓавато – Тополчани, пред с.Могила, малолетничка од с.Могила, управувајќи мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од с.Кукуречани, а мотоциклистката се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни