Последните информации велат дека најмалку 15 лица се повредени за време на протестите во Атина во кои дојде до инциденти помеѓу демонстрантите и полицијата. Инцидентите ги предизвикаа групи маскирани лица, кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да стигнат до грчкото собрание. Инцидентите траеја повеќе од два часа. За инцидентите од кабинетот на премиерот Ципрас ги обвинија членовите на Златна Зора. Според грчката полиција во протестите учествувале 60 илјади лица, а биле ангажирани над 1500 полицајци.
3час