Македонија

Повторно безбедна за пиење водата од градскиот водовод во Гостивар, соопшти Ангелов

Повторно безбедна за пиење водата од градскиот водовод во Гостивар, соопшти Ангелов

Жителите на Општина Гостивар повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, бидејќи е безбедна, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, кој воедно раководи со Главниот штаб за управување со кризи.

Забраната за пиење вода во Гостивар беше воведена на 17 јули, откако надлежните утврдија дека пумпите 22 дена внесувале фекално загадена вода во градскиот водовод.

Повеќе од пет илјади граѓани се заразени, на 19 јули беше прогласена епидемија, а на 21 јули Владата воведе трисетдневна кризна состојба во градот.

Од 27 јули водата во Општина Гостивар можеше да се користи како техничка, односно за бањање и за останатите потреби во домаќинството, а сега повторно е одобрена и за пиење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни